Прилепска пиварница доби "Б" интегрирана дозвола од Општина Прилеп, со што го оствари оперативниот план за контрола на технолошкиот процес на производство, суровините, помошните материјали што се користат како и полупроизводите и производите што се складираат. Како што информираат од пиварницата, интегрираната дозвола гарантира дека емисијата на штетни материи што ги испушта компанијата при процесот на производство во околината не се штетни за средината и човекот. Да се добие ваков тип на дозвола, за нас претставува остварување на целта да се спречи и намали загадувањето со што стандардите за квалитет на животна средина се подигнуваат на ниво на оние од Европска унија. Прилепска Пиварница е основана во 1924 година. Инвестициите во висока технологија ја направија една од најмодерните пиварници на Балканот.
Прилепска пиварница доби "Б" интегрирана дозвола од Општина Прилеп, со што го оствари оперативниот план за контрола на технолошкиот процес на производство, суровините, помошните материјали што се користат како и полупроизводите и производите што се складираат.
Како што информираат од пиварницата, интегрираната дозвола гарантира дека емисијата на штетни материи што ги испушта компанијата при процесот на производство во околината не се штетни за средината и човекот.
- Да се добие ваков тип на дозвола, за нас претставува остварување на целта да се спречи и намали загадувањето со што стандардите за квалитет на животна средина се подигнуваат на ниво на оние од Европска унија - вели генералниот директор на компанијата, Сашко Самарџиоски.
Прилепска Пиварница е основана во 1924 година. Инвестициите во висока технологија ја направија една од најмодерните пиварници на Балканот. Покрај домашните брендови Златен даб, Крали Марко, Газоза, Портокалада ги полни лиценцните пијалаци Пепси, Миринда, Севен ап, и е ексклузивен импортер за пивата Туборг и Карлсберг.